29.05.2023 Скопје
Четврти пат по ред фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, е прогласен за најдобар играч на француската лига во изборот на Унијата на професионални играчи на Франција (УНФП).
Оваа награда за првпат беше доделена во 1994 година, а годинава Мбапе го надмина Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, кој трипати во кариерата беше прогласуван за најдобар играч во „Лига 1“.
Килијан Мбапе како напаѓач, оваа сезона во 33 натпревари постигна 28 голови, со што стана најдобар стрелец во првенството, а исто така и првиот фудбалер кој четирипати по ред е прогласен за најдобар играч во француската лига.
За тренер на сезоната е прогласен Френк Хејс, шеф на стручниот штаб на Ленс, екипа која го го освои второто место и по 20 години следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Подготвено од М.Н.