https://www.facebook.com/ville.ajaccio.corsica/photos/t.100044253888108/5295867173854935/?type=3

05.05.2023 Скопје

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе е најплатениот играч во Европа, бидејќи во парискиот клуб заработува 72 милиони евра по сезона.

На второ место е неговиот клупски колега Бразилецот Нејмар, кој во ПСЖ заработува 44,1 милиони евра годишно. На третото место е уште еден фудбалер на ПСЖ, Аргентинецот Лионел Меси, со заработка од 40,5 милиони евра по сезона.

На четвртото место е белгискиот фудбалер на Реал Еден Азар, кој заработува 27 милиони евра годишно. Тој оваа сезона одигра само 133 минути во Ла Лига.

На петтото место е полскиот напаѓач на Барселона Роберт Левандовски (26 милиони евра) и играчот на Баерн Садио Мане (24).

Потоа следуваат Кевин де Брујн (Манчестер Сити, 23,4 милиони евра), Серхио Бускетс (Барселона, 23), Давид Алаба (Реал, 22,6) и Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, 22).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author