https://www.facebook.com/EmmanuelMacron/photos/pb.100044157757824.-2207520000./2995193274046572/?type=3

16.05.2023 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера најави дека француската влада ќе одвои две милијарди евра за даночни намалувања за средната класа.

„Побарав од владата да излезе со предлози, за две милијарди евра, кои ќе се фокусираат на средната класа“, рече Макрон.

Тој посочи дека две милијарди евра ќе бидат дел од буџетскиот план до 2027 година, како да нема да се однесуваат на намалување на давачки или придонеси.

„Побарав од владата да работи на тоа, но не сакам да ја затворам вратата овде бидејќи можеби има паметни работи да се направат во врска со давачките што ги плаќате, придонесите што ги плаќате кога сте вработен“, истакна Макрон.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author