https://www.flickr.com/photos/paulkagame/45106258534

16.05.2023 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон вчеравечер изјави дека Париз не учествува во војната против Москва и дека не испорачува оружје за напади на руска територија.

„Ние не водиме војна против Русија. Тоа не е војна со Руската Федерација“, рече Макрон.

Тој додаде дека Франција ја поддржува Украина во нејзиниот отпор, но дека тоа не подразбира испорака на оружје за напад на руска територија.

„Ја поддржуваме Украина во нејзиниот отпор, што значи дека не испорачуваме оружје што може да стигне до руска територија или што може да се користи за напад на Русија“, рече Макрон.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author