https://www.flickr.com/photos/blazpurnat/3508021743/in/photolist-7JuJvR-7JLMxS-2p8gnJ-2qgj3e-2qjLDN-2qgj3M-a363Nc-6kZwDv

08.05.2023 Скопје

Вицегувернерот на централната банка на Словачка, Лудовит Одор, е изборот на претседателката Зузана Чапутова за нов премиер на Словачка, откако Едуард Хегер поднесе оставка од таа позиција и тоа само неколку месеци пред предвремените избори во септември.

Словачка, која е инаку членка на ЕУ и НАТО, со месеци се бори со политичка нестабилност, откако владејачката коалиција на Хегер ослабе во периодот на висока инфлација и војната во Украина.

Политичката сцена во земјата е расцепкана пред изборите на кои што би можела да победи најголемата опозициска партија која што се противи на натамошната помош за Киев.

Претседателката Чапутова изјави дека останатите членови на технократската влада ќе ги именува по 15 мај.

Подготвено од М.Н.

About Author