turska lira

29.05.2023 Скопје

Реизбраниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, доби честитки од различни страни за победата на неодамнешните избори, но останува прашањето како тоа ќе се одрази на економијата на земјата, која веќе бележи ултра висока инфлација.

Имено, по веста за победата на Ердоган на претседателските избори во Турција, националната валута – турската лира потона на рекордно ниско ниво.

Валутата се тргуваше по 19,97 лири за долар во 4 часот по лондонско време, откако претходно на седницата се лизна на 20 лири за долар.

Турската валута, наводно, изгубила околу 77% од својата вредност во однос на доларот во последните пет години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author