libija postignat dogovor za izbori

24.05.2023 Скопје

Мешовитиот комитет за подготовка на изборните закони во Либија, составен од пратеници од Претставничкиот дом и членови на Високиот државен совет, објави дека постигнал „целосен договор“ за точките кои се однесуваат на избор на шеф на државата и пратеници.

Ова беше објавено во соопштението на истиот Комитет на крајот од вториот ден од преговорите во градот Бузника, во Мароко. Договорот предвидува парламентарните и претседателските избори да се одржат истовремено и дека следната законодавна власт ќе биде составена од два дома, Националното собрание и Сенатот.

Претставникот на Обединетите нации во Либија, Абдулаје Батили, изјави дека секој мора да биде во можност да се кандидира како кандидат во Либија, затоа вклучувајќи ги и личностите кои предизвикуваат поделба како Саиф ал Ислам Гадафи, генералот Калифа Хафтар и премиерот на Триполи, Абдулхамид Дабаиба.

Од февруари 2022 година, Либија е поделена со две ривалски политички и воени коалиции од една страна, владата на национално единство со седиште во Триполи на премиерот Дабаиба, признаена од меѓународната заедница и поддржана пред се од Турција, од друга, Владата на националната стабилност, всушност паралелна извршна власт со седиште во Киренаика, првично поддржана од Египет и Русија.

Сепак, новата иницијатива претставена од претставникот на Обединетите нации, не е комплетно примена во Триполи и Бенгази, и се чини дека не добива на интензитет.

Делумна стабилност во моментов постои во земјата, но врз основа на имплицитен договор меѓу две моќни семејства и тоа Дабаиба и Хафтар кои се на власт во Триполи (запад) и Бенгази.

Подготвено од М.Н.

About Author