https://www.facebook.com/photo.php?fbid=473126421303311&set=pb.100058178704455.-2207520000.&type=3

16.05.2023 Скопје

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, синиоќа по средбата за дијалог во Брисел, изјави дека се зборувало за спроведување на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

По заедничката средба со главните преговарачи на Белград и на Приштина, Лајчак на својот профил на Твитер објави дека целта е да се „разјаснат отворените прашања“.

Лајчак на Твитер напиша дека, тој како домаќин, и главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, разговарале за понатамошниот пат на имплементација на Договорот од 27 февруари, и дека нивна главна цел била да бидат разјаснети отворените прашања, на што потоа додаде дека разговорите ќе продолжат во најскоро време.

Подготвено од М.Н.

About Author