03.05.2023 Скопје
„Не е реално да се намалат критериумите за прием на Босна и Херцеговина во ЕУ. Членството во Унијата не е само политичка одлука, туку и одлука заснована на исполнување на одредени стандарди“, изјави специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Лајчак истакна дека решението го гледа во тоа што Босна и Херцеговина и другите земји кои се стремат кон членство се сè поприсутни во ЕУ, иако не би учествувале во одлучувањето, како и дека се присутни во дискусиите и дека сите се навикнати на нивното присуство, а „заедничкиот пазар на ЕУ е отворен“. Тој, воедно, оцени дека тоа де факто ќе ги внесе сите земји кандидати во европскиот простор.
Коментирајќи ја идејата за „Отворен Балкан“, Лајчак рече дека се што потекнува од регионот е добро.
„Важно е да биде инклузивен, да не исклучува никого од процесот и да води кон ЕУ, да се гради врз европските вредности“, посочи Лајчак и изјави дека досега се зборува повеќе за тоа отколку гледајќи ги резултатите.
Лајчак, кој е специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, смета дека минатата година е потрошено премногу време за решавање на кризите во јужната српска покраина.
„Го предложивме тој план за кој сметаме дека е најдоброто решение во дадениот момент и кој дава многу одговори, почитувајќи го ставот на двете страни. Влеговме во него и сега клучниот збор е исполнување“, рече Лајчак.
Тој изрази уверување дека и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на самопрогласеното Косово, Албин Курти се подготвени да го направат својот дел.
Подготвено од А.Ѓ.