kuleba obrakjanje vo on baranje borbeni avioni

25.05.2023 Скопје

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги повика африканските земји да престанат да бидат неутрални во тековниот конфликт со Русија и јасно да заземат страна.

„Со тоа што сте неутрални кон руската агресија врз Украина, вие ја проектирате вашата неутралност врз прекршувањата на границите и масовните злосторства што може да се случат многу блиску до вас“, истакна министерот Кулеба во својата изјавата.

Кулеба е во официјална посета на Етиопија и ќе оствари средби со етиопскиот премиер Аби Ахмед, претседателот на Комисијата на Африканската унија Муса Факи и претседателот на Коморите Азали Асумани, кој е и привремен претседател на Африканската унија.

Кулеба потоа ќе продолжи со посета на Мароко и Руанда, а ова е неговото прво патување во Африка од октомври, кога ги посети Сенегал, Брегот на Слоновата Коска, Гана и Кенија.

Шест африкански земји, предводени од Јужна Африка, неодамна објавија мировна иницијатива меѓу Москва и Киев за да се спречи понатамошното негативно влијание на војната врз резервите на жито и ѓубрива во регионот.

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза изјави дека ја презентирл (во Москва и Киев) иницијативата во име на африканските шефови на држави на Замбија, Сенегал, Конго, Уганда, Египет и Јужна Африка, додавајќи дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е информиран за тоа и ја поздравил Африканска иницијатива.

Јужноафриканскиот претседател го осуди „вонредниот притисок“ врз неговата земја да се откаже од позицијата на неврзаност за војната во Украина, повторувајќи сепак дека Јужна Африка нема да заземе страна во овој конфликт или како што рече, „де факто натпревар меѓу Русија и Западот.

Подготвено од М.Н.

About Author