https://www.facebook.com/photo/?fbid=10226452706278093&set=a.2751868870043

15.05.2023 Скопје

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во општината од оваа година воведе нова мерка, односно во знак на поддршка на младите и субвенционирање на млади лица од општината, денеска на сметките на сите матуранти од средното општинско училиште „Ѓорче Петров” во Крива Паланка префрлени се по 3.000 денари од буџетот на Општина Крива Паланка.

Митовски на овој начин им ја честита матурата и рече дека првпат годинава се поддржани матурантите, со еден придонес кон претстојната прослава на нивната матурска вечер.

Општина Крива Паланка оваа година воведе низа стимулативни мерки за млади, меѓу кои се субвенции за набавка на дигитални уреди, субвенции за набавка на велосипед, еднократна парична помош за секое новороденче, субвенција за набавка на количка за новороденче, а веќе и еднократна парична помош за матуранти.

„Изборот за иднината нека биде резултат на одлуките и изборите на кои упорно ќе се посветите, зашто секој успех е триумф на упорноста. Бидете упорни, вредни и мудри. Честита матура и среќно во новите предизвици“, им порача градоначалникот Сашко Митовски.

Подготвено од М.Н.

About Author