30.05.2023 Скопје
Американскиот производител на чоколади Марс потврди дека се префрлил на пакување од хартија што може да се рециклира и дека ексклузивните чоколади ќе бидат достапни во околу 500 продавници на Tesco во Велика Британија за време на пилот тест.
Како што се наведува во соопштението на компанијата, пакувањето на Марс чоколадите наместо досегашната пластична обвивка ќе добие нова, поеколошка хартиена обвивка, а се разгледуваат различни идеи за пакување на сите кондиторски производи.
Сегашните пластични обвивки на шипките на Марс не може да се рециклираат.
Управниот директор на Mars Wrigley во Обединетото Кралство, Адам Грант, рече дека пилот-проектот на новото пакување за чоколадите на Марс е „голем чекор за да се види како функционира хартиеното пакување во секојдневниот живот“.
„За барот Марс, предизвикот беше да се најде вистинското решение за хартиено пакување со соодветно ниво на заштитна бариера што гарантира безбедност на храната, квалитет и интегритет на производите, како и спречување на фрлање храна“, додаде тој.
Компанијата исто така соопшти дека инвестира стотици милиони фунти за да ја намали употребата на пластична амбалажа за своите производи за една третина.
Производителот на кондиторски производи Nestle, исто така, најави дека ќе го промени своето пакување KitKat со 80 проценти рециклирана пластика.
Подготвено од А.Ѓ.