05.05.2023 Скопје
Колку што некои производители се обидуваат да најдат алтернативи за скапи и (релативно) ретки материјали во батериите, тие сè уште доминираат.
Во следните неколку години сигурно ќе бидеме сведоци на значителен технолошки напредок и намалување на овие суровини во батериите, но дотогаш производителите зависат од нив.
Поради ова, батериите се скапи, а сомнителни се и придобивките од животната средина, бидејќи суровините се добиваат со нееколошки методи, а самата хемија на батериите не е најздрава за животната средина, што ќе претставува проблем при нивното подоцнежно отстранување.
Просечната литиум-јонска батерија на автомобил содржи околу 28,9 килограми никел, 7,7 килограми кобалт и 5,9 килограми литиум. Ако не се рециклираат, овие метали одат во отпад.
Има и околу 80 кг бакар и околу 30 кг графит за вкупна тежина од околу половина тон за просечен електричен автомобил.
Иако се предвидува дека литиум-јонските батерии ќе содржат помалку метал во 2030 година, рециклирањето на овие материјали сепак ќе биде важно за да се одржи чекор со растечката глобална побарувачка. Или ќе добиеме некоја нова технологија.
Подготвено од А.Ѓ.