peshachenje

23.05.2023 Скопје

Додека има се повеќе обврски и помалку време – тешко е да се одржи здрав ритам.

Во паралелен универзум замислуваме дека имаме време за се – семејство, работа, пријатели и разни спортски активности. Но, реалниот живот е нешто поинаков.

За жал, има малку време во денот, кариерата и приватниот живот се приоритет, па често забораваме на здравјето, без кое ништо од горенаведеното не би било возможно, бидејќи оние кои немаат здравје, се немаат ни себеси.

Според препораката на лекарот, неделен минимум треба да биде два и пол часа умерена физичка активност, а дури четвртина од населението не успева да одвои ни 30 минути.

Дали има алтернативно решение за зафатените луѓе? Кој е минимумот потребен за нашето здравје?

Д-р Зои Сејнор, професорка на Универзитетот Портсмут и пензиониран рагбист, го имаше следново да го каже на оваа тема: „Доколку сакате да вежбате помалку време, а сепак да постигнете добри резултати, решението е да правите вежби со посилен интензитет“.

Замената за препорачаните 150 минути неделно е 75 минути некоја тешка физичка активност.

Тоа се претежно „HIIT програми“ кои вклучуваат експлозивни вежби во траење од 30 минути и се многу популарни. Но, мора да се напомене дека повеќето луѓе го немаат типот на фитнес потребен за оваа фитнес програма.

Д-р Сејнор забележува дека пешачењето 5000-6000 чекори дневно е доволно за здрав кардиоваскуларен систем, зглобови и мускули.

„Секаде читаме дека целта е 10.000 чекори, но сè што е над 4.000 чекори со зголемена брзина се смета за активност. Може да се симнете една станица понапред од автобусот за да одите дома или да прошетате за време на ручек“, вели д-р Дејнор.

Студијата, спроведена на 80.000 субјекти, наведува дека дури и благата активност во форма на одење го намалува ризикот од рак и прерана смрт.

Интересно е што некои навидум обични работи, како што се трчање по воз, правосмукалка, играње со деца или домашни миленици, носење намирници или качување по скали, односно секоја „енергична“ активност која трае три до четири минути има долгорочни придобивки за здравјето на луѓето.

Но, има добра вест за оние кои се сметаат себеси за малку „мрзеливи“.

Истражувачот Томас Џејн дошол до сознание дека капењето во вода или престојот во сауна на температура од 40 степени, што е само три степени повисока од нашата базална температура, го постигнува истиот ефект како и вежбањето бидејќи телото работи понапорно за да се ослободи од топлината.

„Срцето работи побрзо и потешко, што има ефект сличен на благите вежби. Ова го намалува крвниот притисок, дури и кај здравите луѓе“, вели Томас.

Секако важно е должината на престојот, се што е над 10-20 минути не е дозволено бидејќи прегревањето може да предизвика срцев удар.

Најдобро решение би било да комбинирате сауна, топла бања и вежбање, но и малите чекори се бројат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author