https://flickr.com/photos/190409030@N03/51847420552/in/photolist-2mZzzN1-q9waYB-8fWhHV-46PVrn-21n4uYg-ddf92i-qqXHCZ-s4R7y-c3hkWS-2fKcPSE-2gYeH24-iucZaE-7K3pdq-2nATdBD-2m7q24k-UVcL1k-V7Q7FF-8dq4Yc-GjwyNW-26AZkhj-5NNvTg-Py3zs7-7yYdEG-dGprLJ-2issxh8-ShTHwH-Pckq6o-bPrYHt-2kGykV7-dP5V8s-8Ej5R7-7gGeib-dHaGsr-2gARF5K-2isropz-9kWCxu-i3MToj-czjLC9-28c22Zq-qHGenJ-WNLsp8-hCaYb-2gxyJph-MaSFEv-2isoLLM-pRSaBE-683EdK-TB7ohw-6xSkrQ-2n6iW2k

03.05.2023 Скопје

Велика Британија нема испратено покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела.

Според локалните медиуми, на крунисувањето се поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, покани се испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави.

Кралот Чарлс ќе биде крунисан во сабота на 6 мај.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author