26.05.2023 Скопје
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за време на разговорите со украинските власти повтори дека не поддржува напади на руска територија, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.
„Уште еднаш, јасно им ставивме до знаење на Украинците што мислиме за нападите врз Русија, не сакаме да го охрабруваме или да го овозможиме, и не сакаме никакво американско оружје да се користи за напад на руска територија “, изјави Кирби.
Тој додаде дека Вашингтон добил гаранции од Киев дека ќе ги почитува желбите на САД.
„Исто така, ние сме сосема јасни кога велиме дека сакаме Украина да може да се одбрани бидејќи е нападната, инвазијата. Тие имаат право да се борат. Сепак, ние отворено кажуваме дека не сакаме војната да ескалира, уништувањето и насилството веќе го погодија украинскиот народ“, додаде Кирби.
За време на разговорите со Украинците не беа споменати никакви „последици“ за Украина, туку тие беа „просто повторување“ на американската позиција, посочи Кирби.
Подготвено од А.Ѓ.