13.05.2023 Скопје
Поради руската инвазија врз Украина, земјите-членки на ЕУ, Кипар и Малта, укинаа неколку десетици таканаречени „златни пасоши“ што им ги издале на руски државјани, соопшти Европската унија.
Кипар и Бугарија веќе воопшто не издаваат никакви „златни пасоши“, а Малта веќе не ги доделува на Руси или Белоруси.
Кипар веќе им одзеде кипарско државјанство на 43 лица, соопшти Европската комисија во одговорот на барањето на германскиот пратеник Мориц Кернер.
Поединечни земји-членки на Европската унија се уште можат да одлучуваат за доделување државјанство и дозволи за престој, но сепак, Европската комисијата ова го гледа како закана за безбедноста на Шенген зоната, во однос на безбедноста, перењето пари, избегнувањето данок и корупцијата.
Подготвено од М.Н.