12.05.2023 Скопје
Белата куќа денеска соопшти дека советникот за национална безбедност Џејк Саливан на средба со високиот кинески дипломат Ванг Ји ветил дека линиите на комуникација меѓу двете земји ќе останат отворени.
„Двете страни имаа искрени, суштински и конструктивни дискусии за клучните прашања поврзани со билатералните односи меѓу САД и Кина, глобалните и регионалните безбедносни прашања, војната на Русија против Украина и прашањата поврзани со Тајванскиот теснец“, се вели во соопштението.
Се додава дека состанокот бил „дел од напорите да се одржат отворени линиите на комуникација“.
„Двете страни се согласија да го задржат овој важен стратешки канал на комуникација“, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се наведува дека на разговорот меѓу двајцата официјални лица ќе следи средба на американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг во ноември во Индонезија.
Подготвено од А.Ѓ.