kina so predupreduvanje do japonija i g7

22.05.2023 Скопје

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина по изјавата објавена на самитот викендов во која се предупредува Пекинг за „активности за милитаризација“ во азиско-пацифичкиот регион.

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи, Сун Видонг, ја обвини Јапонија и другите земји од Г7 за ангажирање во заеднички активности и изјави со цел навреда и напад на Кина, експлицитно мешање во внатрешните работи на Кина, кршење на основните принципи на меѓународното право и духот на четирите политички документи потпишана од Кина и Јапонија, поточно Заедничката билатерална декларација од 1972 година.

Вчера Пекинг изрази „силно незадоволство“ од изјавата објавена од лидерите на Г7, која ги дефинира огромните територијални претензии на Кина во Јужното Кинеско Море „целосно без правна основа“ и ги осудува „активностите за милитаризација“ на првата азиска сила во областа.

Кинеските регулатори, објавија дека американскиот производител на чипови „Micron Technology“ ќе му биде забрането да работи во Кина, а Сун Видонг го повика јапонскиот амбасадор и поднесе официјален протест со што ја предупреди Велика Британија да престане да ја „клевети“ земјата.

Подготвено од М.Н.

About Author