29.05.2023 Скопје
Републиканската народна партија (ЦХП) на Кемал Киличдароглу, ќе продолжи да се бори како Алијанса и да биде пионер во оваа борба додека демократијата не пристигне во Турција. Ова го изјави самиот Киличдароглу во својата прва постизборна изјава, по поразот на вчерашните избори на 28 мај.
Киличдароглу пречекан со аплауз од членовите на партијата, изјави дека Националната алијанса ќе продолжи како и нивната борба за слободна Турција.
Киличдароглу истакна дека за време на овие избори јасно се видела волјата на народот за промена на авторитарна влада и дека премногу е загрижен бидејќи далеку посериозни проблеми ја чекаат земјата.
Претседателот на Турција во заминување, Реџеп Таип Ердоган, победи на претседателските избори со 52,1 отсто од предностите во вториот круг против неговиот противкандидат Киличдароглу, кој застана на 47,9 отсто од гласовите.
Подготвено од М.Н.