soobrakjaen metezh

02.05.2023 Скопје

Од 1 мај казните за некои сообраќајни прекршоци на австриските патишта се драстично зголемени во однос на претходните.

Некои дури и се удвоени. Тоа е зборување на телефон додека возите или користите мобилен телефон за пишување пораки. Од денеска казната за споменатиот прекршок е 100 евра наместо досегашните 50 евра. Оние кои не сакаат да ја платат казната на лице место, ќе мора да платат 140 евра подоцна по пријавувањето на сообраќајниот прекршок.

Австрискиот министер за транспорт Леоноре Гевеслер смета дека одлуката на федералната влада да го удвои износот на казната ќе има превентивна цел и ќе придонесе за развој на свеста кај возачите за опасноста од забранетата употреба на мобилни телефони за време на возењето и ќе донесе поголема безбедност на австриски патишта.

Инаку, користењето на телефонот спаѓа во групата на најопасните прекршоци во сообраќајот. Експертите тврдат дека тоа е еден од главните „убијци“ на патиштата.

Минатата година 130.540 возачи биле казнети поради користење на телефонот додека возеле.

За време на возењето, телефонските повици се дозволени во Австрија само со помош на т.н handsfree уред, така што со едната рака можете да ги изберете сите функции, а со другата да го држите воланот.

Значително повисока казна од денешната се изрекува и за непочитување на прописите за задолжително носење појас при возење. Казната е зголемена од досегашните 35 евра на 50 евра.

Истата казна се однесува и за прекршокот за неносење задолжителен заштитен шлем при возење мотоцикл или мопед.

Оној што нема да ја плати казната на лице место за неносење појас, потоа ќе треба да плати двојно повеќе, односно 100 евра, наместо 50 евра во прекршочната постапка.

Лани дури 88.394 возачи платиле казна поради неврзување појас.

Шефот на правната служба на австрискиот авто-мото клуб ÖAMTC, Мартин Хофер, истакна дека можностите на полицијата се ограничени, имајќи предвид дека возачот мора да биде запрен или да има фото доказ.

Психологот на АРБО, друг австриски авто-мото клуб, Патриша Прунер го критикуваше драстичното зголемување на казните, велејќи дека тие „повеќе се гледаат како нов извор на приход за државата отколку како долгорочно зголемување на безбедноста на патиштата“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author