16.05.2023 Скопје
Двајца претседателски кандидати во Турција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу, по претседателските избори изјавија дека можат да победат во вториот круг, кој, очигледно, ќе се одржи на 28 мај.
Право на глас имаа и Турците кои живеат во Србија, а според последните податоци победата ја извојува Киличдароглу кој добил 600 гласа или 48,2 отсто од гласачите.
Ердоган освои 565, а Синан Оган 60 гласа.
Киличдароглу доби најголема поддршка во другите балкански земји, освен во Босна и Херцеговина, каде Ердоган победи со нешто помалку од 46 отсто од гласовите.
Ердоган во Анкара изјави дека „очигледно води“ на претседателските избори, но и дека е подготвен да го „почитува“ вториот круг од изборите доколку е потребно.
Ердоган за првпат по 20 години откако е на власт ќе мора да оди во вториот круг, кој треба да се одржи на 28 мај, против неговиот социјалдемократски противник Кемал Киличдароглу.
Киличдароглу, кандидатот на коалицијата на шест опозициски партии, вчеравечер пред своите поддржувачи изјави и дека ќе го прифати вториот круг и вети победа.
„Ако нашата нација побара втор круг, ние со задоволство ќе го прифатиме. А во вториот круг апсолутно ќе победиме“, рече Киличдароглу во Анкара, опкружен со претставници на шест партии од неговата коалиција.
Тој додаде дека Ердоган не може да го постигне резултатот што го сака и покрај сите навреди што ги упатува кон противникот.
„Потребата за промени во општеството е поголема од 50 проценти, ние апсолутно треба да победиме и да воспоставиме демократија во оваа земја“, рече Киличдароглу, без да ги спомене парламентарните избори.
Подготвено од А.Ѓ.