11.05.2023 Скопје
Дали знаете што точно предизвикува мачнина при возење и како да се ослободите од тоа?
Подолгите патувања може да предизвикаат гадење, вртоглавица, па дури и повраќање кај многу луѓе при возење, без разлика дали се работи со автомобил, автобус или авион.
Гадење се јавува од едноставна причина. Центарот за рамнотежа не е спарен со видот.
Односно, движењата на телото и силите што дејствуваат на телото не се усогласени со она што го гледате. Погледот најмногу ви е насочен надвор од автомобилот, на левата или десната страна, (ако не сте вие возачот) и не ги следи кривините, односно гледате странично, а не низ шофершајбната.
На пример, на задното седиште во автомобилот, децата гледаат стабилен хоризонт на задниот дел на предното седиште со потпирачи за глава на него, но системот за рамнотежа чувствува дека телото се движи. Во оваа диференцијација на сетилата се јавува гадење.
Децата на возраст од шест до 12 години се почувствителни од возрасните. Единствениот совет е возачите да ја намалат брзината кога се движат во кривина колку што можат, а патниците на задното седиште да се обидат да гледаат напред, преку шофершајбната.
Дополнително, експертите советуваат да се фокусирате на предмети во далечина за да ја ублажите мачнината. Друг совет е да отворите прозорец или да одморите и да навлезете свеж воздух ако ви се гади.
Подготвено од А.Ѓ.