stapala

17.05.2023 Скопје

Летото е се поблиску, а со тоа и носење сандали и влечки. Откако ќе носите зимски чевли, важно е да и ја дадете потребната нега на вашата кожа за да ја закрепне.

Може да направите и крема за испукани пети и суви стапала.

Состојки:

1/2 чаша кокосово масло

1/4 чаша пчелин восок

1/4 чаша шеа путер

10-15 капки есенцијално масло од лаванда

Подготовка:

Прво растопете ги кокосовото масло, пчелин восок и шеа путерот на ниска температура. Мешајте додека не се соединат состојките. Потоа тргнете го од оган и оставете ја смесата малку да се излади.

После тоа, додадете го маслото од лаванда и измешајте. Префрлете ја смесата во сад со капак.

Можете да го користите секој ден за да ја опоравите кожата и да ги омекнете петите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author