kk real madrid

22.05.2023 Скопје

Кошаркарите на Реал Мадрид во финалето на Фајнал-фор турнирот во Евролигата во литванскиот град Каунас со 79:78 го совлада Олимпијакос.

Во поголемиот дел од мечот Реал беше во негатива, во текот на првата четвртина Олимпијакос имаше највисоки „плус 12 поени“ (24:12). Мадридскиот гигант се врати во вториот период каде дојде до резултат 28:21 и на пауза замина со нерешени 45:45.

И во третата четвртина доминираа играчите на Олимпијакос, неколку пати водеa со пет поени позитива (57:52, 59:54), а пред последните 10 минути на семафорот стоеше 63:59 за Грците.

Oлимпијакос водеше до самиот финиш (78:72), но не се предаваше и составот на Чус Матео, по што следуваше низа поени на Реал што се покажа како клучно за крајниот епилог. Во последниот напад Шпанците реализираа поени преку Серхио Љуљ за радост кај неговите соиграчи и навивачите на клубот.

За Реал Мадрид ова е 11 титула шампион на Европа, а екипата на Олимпијакос останува на три.

Подготвено од М.Н.

About Author