23.05.2023 Скопје
Јапонски компании ќе учествуваат во проект предводен од британскиот гигант „Кор Пауер“ за развој на пловечки нуклеарни централи.
Во проектот ќе учествуваат вкупно 13 компании од Јапонија, кои инвестирале околу 80 милиони долари.
Пловечките нуклеарни централи би понудиле неколку предности во однос на копнените, како што се помали димензии, поголема безбедност и ефикасност и потенцијално помали трошоци за изградба и проширување.
Малите пловечки нуклеарни централи нема да бидат оштетени од земјотреси и би издржале цунами по договор да бидат поставени во појаси на море подлабоко од 100 метри.
Подготвено од М.Н.