18.05.2023 Скопје
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ присуствува на свеченото отворање на фабриките на јапонската корпорација Нидец (Nidec Electric Motor Serbia d.o.o. и Nidec Elesys Europe d.o.o.) во Нови Сад.
NIDEC е основан во 1973 година во градот Кјото, Јапонија, а денес е светски лидер во производството на сите видови електромотори со најголем удел на светскиот пазар на мали вретено мотори кои напојуваат хард дискови.
Корпорацијата работи во повеќе од 40 земји, со околу 340 компании во групата и вработува повеќе од 120.000 луѓе ширум светот.
Инвестирањето во Србија е дел од долгорочната стратегија на компанијата, а отворањето на фабриката во Нови Сад е првиот чекор кон формирањето на европскиот индустриски парк NIDEC.
Со своето присуство во Србија, корпорацијата NIDEC создаде централна база на активности заснована на модерно технолошко производство на високофреквентни DC мотори без четкички и сродни производи за возила. Основната дејност на фабриката на NIDEC во Нови Сад се базира на производство и продажба на автомобилски мотори од овој тип, кои најмногу се продаваат на европскиот пазар.
Паралелно со подготовките за изградба на новата фабрика, во тек е и процесот на ангажирање нови работници.
Во рамките на воспоставувањето на синџирот на снабдување во Источна Европа и подготовките за работа на фабриката, започнат е избор на компании за производство на опрема, како и компании кои се занимаваат со оперативни работи, а на овој начин се придонесува за економска ревитализација и во Србија и во Источна Европа.
Подготвено од А.Ѓ.