https://www.flickr.com/photos/jmube/37930051676/in/photolist-fhNfw2-9qGATH-4Ha6Kn-8YWERx-h1LQK5-25Hmvzu-neuu1W-Qgfuzz-e4nVQv-f2exRz-bELySz-e6fJZq-9gam7X-ebWdC5-abH5nB-dWDuzM-22fjXxy-7GcXii-ERwACg-q4i4e-DmDCWd-7Vwehz-2BKTxC-5q5pDd-boLHx-7ioMdj-NzSEa8-HY3SzD-Cu1nLz-4NZr5q-8828KM-5Arsic-8ZriWJ-5WD89s-PFxBrN-9gdbxS-qogvSN-ZMKqUd-h8Jjqi-4VgzMS-NYv19-bUS53G-a2yGEC-8w6UG5-5CL9N-97a8Xq-fZCndE-cNQKw9-NtdwWP-4KFjZ4

22.05.2023 Скопје

Јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на Г7 во Хирошима, изјави дека Јапонија ќе испрати околу 100 воени возила и околу 30.000 пакети со храна во Украина, а може да прими и ранети украински војници.

Премиерот Кишида изјави дека лидерите на Г7 се обединети „повеќе од кога било“ по прашањето за руската војна против Украина и увери дека неговата земја „силно ќе го поддржи Киев во сите аспекти“, вклучително и воведувањето санкции против Русија.

Кишида додаде дека Јапонската банка за меѓународна соработка ќе обезбеди 674 милиони долари самурајски обврзници за Полска за помош на украинските бегалци,а исто така, Јапонија ќе и пружи помош на Украина за реконструкција на уништените објекти во износ од 7,6 милијарди долари.

Подготвено од М.Н.

About Author