возила центар

29.05.2023 Скопје

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 195 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 22.05. до 28.05.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 90 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author