jorgos barcokas

15.05.2023 Скопје

Јоргос Барцокас, шеф на стручниот штаб на кошаркарите на Олимпијакос, е избран за најдобар тренер на Евролигата.

Признанието „Александар Гомељски“, Барцокас (57) вторпат по ред го доби благодарение на најголемиот број гласови од колеги тренери на други клубови од Евролигата.

Сезонава Барцокас го предводеше Олимпијакос до првото место и најдобриот скор по регуларниот тек на Евролигата со 24 победи и 10 порази, а потоа преку Фебербахче до фајналфорот, каде клубот од Пиреја ќе се обиде да ја освои четвртата титула европски шампион, а прв од 2013 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author