https://www.facebook.com/Inter/photos/6654308604619222

17.05.2023 Скопје

Тимот на Интер е првиот финалист во Лигата на шампионите откако вчера вечер со уште една победа го елиминираше градскиот ривал Милан.

Интер и пред вчерашниот натпревар имаше предност од 2:0 од првиот натпревар, а синоќа во улогата на домаќин запиша уште една победа.

Екипата на Милан создаде неколку прилики во првото полувреме, но во вториот дел темпото на игра на Милан падна, па Интер мудро ја искористи таа прилика. Се беше решено на 15-тина минути до крајот кога Мартинез по додавањето од Лукаку го совлада Мањан и ги постави конечните 3:0.

Тој гол за Мартинез беше трет во Лигата на шампионите, но сигурно и најважен сезонава. Во финалето Интер ќе го чека подобриот од двомечот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, од реваншот кој се игра денес.

Финалето на Лига на шампиони ќе се игра во Истанбул на 10-ти јуни на стадионот „Ататурк“ во Турција.

Подготвено од М.Н.

About Author