kolichka vo supermarket

30.05.2023 Скопје

Инфлацијата во Германија ги еродира реалните плати кои во првиот квартал од 2023 година се намалени за 2,3 отсто, соопшти Сојузниот завод за статистика (STBA).

Конкретно, од јануари до март, бруто-месечната заработка на вработените, вклучително и специјалните плаќања, се зголеми за 5,6 отсто на годишно ниво, што претставува најголем дел од почетокот на евидентирањето на податоците во 2008 година.

Сепак, потрошувачката на цените забележа пораст од 8,3 отсто во истиот период, а падот на реалните плати, според статистиката изнесува 2,3 отсто.

Од Сојузниот завод за статистика соопштија дека високата инфлација го троши растот на платите на вработените уште на почетокот на 2023 година, но сепак загубата на куповната моќ остана помала во однос на претходните три квартали, кога реалните плати паднаа до 5,4 отсто.

Подготвено од М.Н.

About Author