naftaa

15.05.2023 Скопје

Податоците на индиската државна банка „Bank of Baroda“ покажуваат дека индискиот увоз на руска нафта се зголемил за десет пати минатата година.

Ако се суди според билансот, третата по големина азиска економија заштедила околу пет милијарди долари со купување на руска нафта.

Веста доаѓа во време кога западните земји драстично го намалуваат увозот на енергија од Русија по почетокот на конфликтот со Украина.

Русија продава енергетски производи по намалена цена на земји како Кина и Индија, која е трет по големина увозник на нафта во светот. Според Банката на Барода, во 2021 година, руската нафта сочинуваше само два отсто од годишниот увоз на сурова нафта во Индија, но денес тој удел е речиси 20 отсто.

Минатата финансиска година, Индија заштедила околу 89 долари по тон сурова нафта купувајќи нафта од Русија, покажуваат бројките.

И покрај притисокот од САД и Европа, Индија одби да се приклучи на западните санкции против Русија. Њу Делхи, исто така, не го осуди експлицитно конфликтот меѓу Русија и Украина.

Индија го брани купувањето руска нафта бидејќи, како земја зависна од увоз на енергија и дом на милиони луѓе кои живеат во сиромаштија, не е во позиција да плаќа повисоки цени.

Од почетокот на војната, Европа има увезено шест пати повеќе руска енергија од Индија, предупреди индискиот министер за надворешни работи С. Џаишанкар во интервју минатата година.

„Европа успеа да го намали увозот, но на начин кој сепак е корисен за неа“, рече тој и додаде дека ако е принципиелно прашање, зошто Европа не ја запре испораката на руски енергетски производи уште првиот ден.

Бидејќи војната не и се гледа крајот, некои аналитичари очекуваат Русија да продолжи да им нуди евтина нафта на најголемите увозници на енергија во Азија.

„Очекуваме руската сурова нафта да остане ограничена на овие две земји (Индија и Кина), задржувајќи го попустот“, изјави Вандана Хари од аналитичката компанија Ванда Инсајт.

Исто така, ЕУ и Г7 наводно се подготвуваат да забранат продолжување на испораките на руски гасовод на рутите каде Москва ги прекина испораките.

Одлуката, која лидерите на Г7 се очекува да ја финализираат на самитот во Хирошима следната недела, ќе го спречи обновувањето на извозот на руски гас преку цевководи во земји како Полска и Германија, каде што Москва минатата година го прекина снабдувањето.

Руското Министерство за надворешни работи претходно објави дека Европската унија го означила извозот на руски гас како „ресурс нон грата“ поради политиката. Од почетокот на војната во Украина минатата година, Москва ги пренасочи своите испораки на гас кон земјите кои не воведоа санкции кон Кремљ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author