tik tok 62

11.05.2023 Скопје

Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека Австрија ќе се приклучи на голем број земји кои забрануваат употреба на апликацијата TикТок на службените телефони на државните службеници.

Голем број западни земји, вклучително и Велика Британија, САД и неколку други земји-членки на Европската унија, веќе го забранија TикТок од безбедносни причини.

Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент, исто така, ја забранија употребата на таа апликација.

„Апликацијата ќе биде забранета на официјални мобилни телефони. На приватни телефони надвор од државната мрежа, се разбира, ќе биде можно да се користи апликацијата“, им рече Карнер на новинарите пред состанокот на владата на прашањето дали политичарите во владата ќе може да продолжат да ја користат апликацијата.

TикТок, кој е во сопственост на кинеската фирма ByteDance, ја зголеми загриженоста на владата дека кинеската влада би можела да ја користи апликацијата за собирање податоци за корисниците или за унапредување на сопствените интереси.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author