holivuddd

19.05.2023 Скопје

Синдикалниот одбор на холивудски актери „САГ-АФТРА“ побара од своите членови да им дозволат на преговарачите да прогласат штрајк.

Аналитичарите сметаат дека тоа би предизвикало дополнителен притисок врз големите филмски студија, кои веќе се соочуваат со штрајк на сценаристите.

Синдикатот SAG-AFTRA го одреди 5 јуни како краен рок за своите 160.000 членови да гласаат за овластување за штрајк. Доколку биде одобрена, мерката ќе им овозможи на синдикалните лидери да бараат прекин на работата доколку не можат да постигнат договор за нови договори со големите холивудски студија.

Штрајкот на сценаристите го отежна производството на доцните емисии и некои телевизиски серии, но снимањето на одредени филмови продолжува. Штрајкот на актерите би довел до поголеми проблеми во целата индустрија.

Околу 11.500 членови на Здружението на сценаристи на Америка излегоа на штрајк на 2 мај, откако синдикатот не постигна договор со Волт Дизни, Нетфликс и други медиумски компании за повисоки плати и гаранции околу употребата на вештачка интелигенција.

За холивудските актери платите и вештачката интелигенција се високо на листата на грижи.

Преговорите помеѓу SAF-AFTRA и студиото треба да започнат на 7 јуни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author