30.05.2023 Скопје
Грција официјално влезе во нов предизборен период во пресрет на следните избори кои ќе се одржат на 25 јуни, а од претходниот круг на избори ниту една од партиите не го доби потребното мнозинство за формирање Влада.
Пратениците кои ја добија довербата од граѓаните на претходните избори имаа мандат пократок од 24 часа, што е втор пат во поновата грчка историја, грчкиот Парламент само по 22 часа од отворањето да се распушти.
Претседателката и премиерот го потпишаа соодветниот претседателски декрет, по што и официјално беа распишани изборите, а лидерите на партиите започнуваат со предизборните кампањи и митинзи низ цела Грција.
Декретот предвидува новиот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница да ја одржи на 3 јули, односно осум дена по изборите.
Очекувањата во земјата се дека по 25 јуни, доколку се повторат резултатите од претходните избори, во комбинација со новиот изборен модел што предвидува бонус пратеници за првата партија, Нова демократија да успее да формира еднопартиска Влада.
Подготвено од М.Н.