https://www.flickr.com/photos/45982389@N03/5161428911/in/photolist-8S6EZD-P4AQNL-RBMGw4-8ATYfd-2nPPm3k-gcA3tZ-R96GWr-2mUwoR3-py9v9z-pMqkyf-2nxRdY1-Gs9jQA-2mcAPP9-2neJKz2-fMvRci-2iEvgBJ-MZbsFG-xV5wU9-rLfnm1-MQ1qjw-2nt2sMY-yvLPYW-n6qyXn-2i1XwFA-2nqbGn8-oVPFWe-nkcMJw-2m2C9TU-cLEs6s-byY8TY-2nAEFaR-2m8QMN5-bMSPLH-2mX8T3a-2katwF2-CSGGo-2hjTnjY-2m1u1ya-3jSFyA-9pN8dj-J155fx-2iANoZ4-hZgiFz-Y9wtTk-dwZ2RF-bymJRN-byYaeq-iHVhtY-bMgpZv-RRSmVC

29.05.2023 Скопје

Граѓаните кои ги добиваат сметките за струја во хартиена форма, се жалат дека за неколку месеци наназад сметките ги примиле со големо задоцнување, и потоа морале наеднаш да ги платат сите сметки, за да не им се пресметува камата.

Проблемот со доцнењето на сметките, пратките, судските доставници, трае веќе подолг период, и за жал нема никакво подобрување од страна на Пошта. Овој проблем особено ги засега постарите граѓани, кои немаат знаење да работат на компјутер и така да ги регулираат комуналните трошоци.

Од ЕВН вината за доцнење на сметките ја префрлаат врз доставата од Пошта, а исто така како одговор на реакциите на граѓаните дека во март и април добиле повисоки сметки, компанијата посочи дека цените за електрична енергија ги одредува РКЕ, а последната датира од 1 јануари годинава.

Подготвено од М.Н.

About Author