25.05.2023 Скопје
Во заедничко соопштение на властите задолжени за безбедноста на информациите во САД, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд, се предупредува дека се забележани „низа активности“ поврзани со „кинескиот државен кибер актер, познат и како Волт Тајфун“.
Вашингтон соопшти дека хакерска група спонзорирана од кинеска држава е инфилтрирана во големите инфраструктурни мрежи во САД, западни сојузници и Мајкрософт, и предупредија дека слични акции може да се случат ширум светот.
Од Мајкрософт пак соопштија дека „Волт тајфун“ е активен уште од средината на 2021 година и дека, меѓу другото, има за цел важна инфраструктура на островот Гуам, каде е лоцирана голема американска воена база во Тихиот Океан.
Од американската технолошка групација соопштија дека набљудуваното однесување води до заклучок дека злонамерниот актер има намера да се вклучи во шпионажа и да го одржува пристапот до инфраструктурата што е можно подолго без да биде забележан.
Подготвено од М.Н.