italijanska policija

10.05.2023 Скопје

Италијанската полиција утринава уапси 27 лица и заплени 36 килограми чист кокаин во акција во окрузите Каљари, Нуоро и Сасари на Сардинија.

Во акцијата учествувале повеќе од 200 припадници на полицијата.

Истрагата траеше две години, и доведе до разбивање на две криминални групи кои ја контролираа трговијата со кокаин во провинцијата Сардинија.

Во акцијата запленети се 36 килограми чист кокаин, а пронајдени се и докази за продажба на повеќе од 200 килограми дрога вредна над 25 милиони евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author