03.05.2023 Скопје
Органите за спроведување на законот во девет земји ширум светот го затворија нелегалниот „Монополски пазар“ на дарк веб и уапсија 288 осомничени.
Во текот на вчерашниот ден, Европол соопшти дека тие се осомничени дека се вмешани во купување или продавање дрога.
Во соопштението се наведува дека во таа акција се запленети повеќе од 50,8 милиони евра во готовина и виртуелна валута, 850 килограми дрога и 117 огнено оружје.
Запленетата дрога вклучувала повеќе од 258 килограми амфетамин, 43 килограми кокаин, 43 килограми МДМА и повеќе од 10 килограми ЛСД и апчиња екстази.
Операцијата Спектор е истовремено координирана во Австрија, Франција, Германија, Холандија, Полска, Бразил, Велика Британија, САД и Швајцарија.
Подготвено од А.Ѓ.