Image by drobotdean on Freepik

17.05.2023 Скопје

И оваа пролет голем број на Македонци заминуваат на сезонска работа во Хрватска. Дел од нив веќе се заминати, а други ќе заминат до крајот на месецот.

Се повеќе Македонци заминуваат на сезонска работа во странство, особено во Хрватска, поради незадоволството од платите во Република Северна Македонија, како и поради невработеноста и високите цени.

Во 2021 година во Хрватска биле издадени 5.925 дозволи за работа и престој на граѓани од Република Северна Македонија, а лани речиси двојно повеќе или 10.053.

Според информациите, не се потребни фирми за посредување за да се најде работа во Хрватска, бидејќи од човек на човек се шири можноста дека се бараат работници. Мештаните кога ќе разберат од кај доаѓа работникот, прашуваат дали знае некој кој би можел да дојде и да работи кај нив.

Македонските фирми за посредување истакнуваат дека на почетокот на летната сезона најбарани се келнери, готвачи, работници во кујна, хотелски персонал и хигиеничари, но се бараат и градежници, медицински сестри, продавачи, негуватели, возачи и магационери.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author