25.05.2023 Скопје
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во полуфиналето би можел да се сретне со првиот светски рекет Карлос Алкараз или Стефанос Циципас.
Ѓоковиќ во првото коло на Грен слем турнирот „Ролан Гарос“ кој започнува во недела ќе игра против Американецот Александар Ковачевиќ.
Во делот на српскиот ас извлечен е и рускиот тенисер Андреј Рубљов, и тоа ќе биде можност Ѓоковиќ да атакува на 23 Грен слем титула, а со тоа и да го прескокне Рафаел Надал со кого го дели првото место на вечната листа.
Најдобриот српски тенисер ќе биде третиот носител, што малку ќе му го отежне патот бидејќи е можен дуел со најдобрите и пред финалето. Прв носител на „Ролан Гарос“ е Карлос Алкараз, а втор Данил Медведев.
Подготвено од М.Н.