10.05.2023 Скопје
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден ја укина регулативата за задолжителна вакцинација против корона вирусот за странските посетители, што официјално значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да игра на УС Опен.
Одлуките на Бајден официјално ќе стапат во сила на 12 мај, по завршувањето на вонредната состојба воведена поради пандемијата.
Ѓоковиќ не можеше да игра минатата година на УС Опен, како и годинава на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, поради обврската за вакцинација.
Србинот три пати го освојуваше пехарот во Њујорк, а на последното учество, во 2021 година, во финалето беше поразен од Данило Медведев.
Годинава УС Опен ќе се игра од 28 август до 10 септември.
Подготвено од А.Ѓ.