22.05.2023 Скопје
Германскиот извоз во земјите кои не се членки на ЕУ се намали за 5,7 отсто, односно за 56,5 милијарди евра во месец април, а во споредба со истиот месец минатата година резултатот е -5,2 отсто.
Ова го соопшти Федералниот завод за статистика (СТБА), според кој показателот е паднат надолу поради слабеењето на побарувачката од САД и Кина. Ова е второ последователно месечно намалување по она од 3,4 отсто забележано во март.
Во изминатиот месец, САД се потврдија како главен пазар за дестинација на „Made in Germany“ со продажба од 11,6 милијарди евра, што е пад од 2,2 отсто на годишна основа, а потоа следува Кина со -9,6 отсто до 7,5 милијарди евра.
Германскиот извоз во Обединетото Кралство падна за 8,1 отсто, односно за 5,3 милијарди евра, а кон Швајцарија за 13,7 отсто, за 4,6 милијарди евра.
Поради санкциите за војната што ја води против Украина, во Русија индикаторот падна за 13,6 отсто, односно за неверојатни 700 милиони евра, со што се најде на 15-то место на рангирањето на главните пазари за продажба на германски стоки.
Во февруари 2022 година, пред почетокот на конфликтот, земјата беше на петтата позиција.
Подготвено од М.Н.