12.05.2023 Скопје
Јапонија се надева дека самитот на Г7 закажан за 19 јуни во Хирошима ќе ја изрази „силната решеност“ на напредните економии да го бранат меѓународниот поредок заснован на правила, наспроти предизвиците „за глобалниот мир и стабилност“ што ги поставуваат Русија и Кина, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.
Меѓународната заедница се наоѓа на историска пресвртница, откако ја доживеа пандемијата „Ковид-19“ и руската агресија против Украина, која ги разниша самите темели на меѓународниот поредок, стои во соопштението на Министерството.
Јапонија е домаќин на самитот на Г7 по седми пат, а според Токио, целосното единство на целта меѓу земјите-членки на групата е уште поважно во сегашниот контекст на глобалната нестабилност, која исто така се протега на Индо-Пацификот и Тајван.
Министерството наведе осум „важни теми“ кои ќе ја сочинуваат агендата за состанокот во Хирошима: регионални кризи, почнувајќи од Украина и Тајван, нуклеарно разоружување и неширење, економска сигурност, климатска промена, безбедност на храната, јавното здравство, Човековите права, вклучително и оние на родовите малцинства, и конечно дигитализацијата.
Подготвено од М.Н.