01.05.2023 Скопје
Лидерите на Г7 се состанаа на самитот за дигитална и технологија во јапонскиот град Такасаки. Во моментов со групата претседава Јапонија, а во неа се и Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и САД.
Лидерите на Групата седум водечки економии (Г7) на состанокот одлучија да ја подобрат безбедноста на гасоводите со оглед на минатогодишните оштетувања на „Северен тек”.
Г7 соопшти дека мора да се воспостават повеќеслојни мрежи што се состојат од копнени мрежи, подводни кабелски мрежи и некопнени мрежи за да се обезбеди подобра отпорност на дигиталната инфраструктура.
Земјите од групацијата Г7 на тој начин ја потврдија својата посветеност на блиска соработка во решавањето на дигиталните прашања, особено во полето на вештачката интелигенција (АИ) што многу брзо се развива.
Лидерите исто така, на самитот за дигитална технологија што се оддржа во јапонскиот град Такасаки, истакнаа дека имплементацијата на вештачката интелигенција треба да се заснова на човековите права и демократските вредности.
Подготвено од М.Н.