ptichji gripppp

26.05.2023 Скопје

Француското Министерство за земјоделство соопшти дека Франција планира да започне програма за вакцинирање на животните против птичји грип наесен, откако резултатите од серијата тестови за вакцинација на патки покажаа „задоволителна ефикасност“.

Во Франција минатиот месец започна продажбата на 80 милиони вакцини, а ефективноста требаше да се потврди врз основа на тестовите спроведени од Француската агенција за здравствена безбедност (ANSES).

„Овие поволни резултати обезбедија доволно гаранции за започнување на кампањата за вакцинација веќе во есента 2023 година“, објави Министерството.

Франција овласти две компании, француската Ceva Animal Health и германската Beringer Ingelheim, да развијат вакцина против птичји грип за патки.

Неколку други земји од ЕУ спроведоа тестови, вклучително и Холандија за кокошки несилки и Италија за мисирки.

Првите резултати во Холандија покажаа дека тестираните вакцини биле ефективни.

Видот на високопатогена птичји грип доведе до уништување на повеќе од 200 милиони птици ширум светот во последните 18 месеци.

Франција е најпогодената земја во ЕУ и се соочува со обновување на епидемијата од почетокот на овој месец во југозападниот дел на земјата, главно меѓу патките.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author