ФРАНЦИЈА ЌЕ ОБУЧУВА УКРАИНСКА ВОЈСКА

15.05.2023 Скопје

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вети дека ќе испрати дополнителна воена помош за Украина, вклучително и лесни тенкови и оклопни возила, а ќе обезбеди и обука за украинската војска.

Оваа информација ја потврдија од Елисејската палата по тричасовните разговори меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера по Германија ја посети Франција.

Кабинетот на францускиот претседател Макрон објави дека Франција ќе испрати десетици лесни тенкови и оклопни возила во Украина „во следните недели“, без да прецизира конкретни бројки. Ветени се и дополнителни системи за противвоздушна одбрана, но детали не се објавени.

Во заедничката изјава на двајцата претседатели, Франција ја опиша поддршката за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина како „непоколеблива“ и вети дека ќе продолжи со политичката, економската, хуманитарната и воената помош се додека тоа е потребно.

Подготвено од М.Н.

About Author