09.05.2023 Скопје
Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, потпиша три нацрт-закони со цел да се ограничи влијанието на Кина во таа држава, да се забрани купување на земјишни парцели, да се ограничи академската соработка и да се внимава на потенцијално опасните дигитални апликации.
Де Сантис ги окарактеризира трите нацрт-закони усвоени од државниот законодавен дом како резултат на неговите повици за спречување на индустриската шпионажа и злоупотребата на Комунистичката партија на Кина на американскиот академски систем.
Една од трите мерки потпишани од гувернерот забранува доделување земјоделско земјиште и имот од страна на јавните органи на кинески поединци поврзани со кинеската влада и нејзините ограноци.
Приватните кинески граѓани кои поседуваат нетуристички визи ќе можат да купат парцели од не повеќе од 0,8 хектари, не поблиску од пет милји од воените инсталации.
Вториот предлог-закон ќе им забрани на универзитетите и нивните вработени и претставници да прифаќаат какви било официјални донации од кинеските колеџи и универзитети. На државните универзитети, исто така, ќе им биде забрането да добиваат субвенции или да учествуваат во договори или партнерства со кинески универзитети, освен ако тоа не е експлицитно овластено од властите на Флорида.
Конечно, третиот предлог-закон му наложува на Одделот за менаџмент услуги на Флорида да „создаде список на забранети апликации“ во сопственост на Кина кои претставуваат ризик за приватноста и сајбер безбедноста.
Подготвено од М.Н.