https://www.flickr.com/photos/103744585@N07/10325479316/in/photolist-gJqMgs-zq9kW-dbgwqo-fBipwX-d3dg3q-49N85K-vZp6XB-8fkx2z-2BdYoG-6Vgt7f-5B4Sj5-8y8N2h-rLBQhD-7RteG9-23hVNWq-Mxahrb-cZKZL5-x4DmHB-xDFbzs-onengL-ovfQCC-dyPcSV-U3PTeL-h1LQK5-bxwEjj-7CUr1h-cAGsPf-6ftgTU-KzyhqT-a8MrJN-d6VL3u-5Pbj5J-LXg33m-QAqa8d-zqb9U-HLtWWh-4AQDVb-9Sszbd-bLxtN6-4Givw-5NkfDe-pv6cWf-eYW6Hq-82JoAr-8F4YTZ-4vH92Y-5dbJyC-6N8Eig-2xke7y-6NouDK

17.05.2023 Скопје

Европскиот инструмент за мировна помош, воспоставен во 2021 година, е вонбуџетски инструмент насочен за јакнење на способноста на Европската унија да спречи судири, изгради мир и да ја зајакне меѓународната безбедност.

Унгарија не ја одобри исплатата на следната транша од воената помош за Украина во рамките на Европскиот инструмент за мировна помош (ЕФП), потврди владата во Будимпешта откако претходно оваа информација ја објавија медиумите.

Во одговорот од владата на Будимпешта се наведува дека другите региони во коишто тие средства на ЕУ би можело да се користат се и Балканот или северна Африка, а не тоа постојано да биде Украина.

Унгарија, којашто е членка на ЕУ и на НАТО, одби да испорача каква и да е воена опрема на соседна Украина во војната со Русија. Унгарија ја осуди руската инвазија, но исто така и повеќепати ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија, кои мора едногласно да ги одобрат сите 27 земји членки, но на крајот откако ќе издејствуваше одредени погодности за себе на крајот ги поддржуваше сите досега договорени мерки.

Односите меѓу Унгарија и Украина се влошени откако по превратот во 2014 година во Киев беа укинати правата, вклучително и за користење на јазикот како службен во западниот украински регион Закарпатие каде што живеат околу 150.000 етнички Унгарци. Киев особено ја разгневи Будимпешта кога во 2017 година го воведе законот со кој во училиштата се забранува користењето на јазиците на малцинствата, вклучително и унгарскиот.

Подготвено од М.Н.

About Author